Belica-panorama-mala

Лична карта на село Белица

Село Белица е едно од најубавите кичевски села, сместено во подножјето на Беличка планина. Живописната природа, локалното население, богатото културно историско минато се причина ова село да е едно од најпознатите и Повеќе »

Sv.-Aleksandar

Црква Св. Александар (Александрија)

Малата црквичка посветена на Св. Александар се наоѓа во кругот на гробиштата во село Белица. Денешната црквичка лежи на темели на многу постара и поголема црква. Сегашниот објект на црквата потекнува од Повеќе »

Белички средби 2011-та

Белички средби 2011-та

Со цел развој на селскиот туризам, промоција на културното наследство и обединување на населението на 16-ти и17-ти јули 2011 година се организираат вторите по ред Белички средби. На 16-ти со почеток во 20:00 часот се организира забава за сите оние кои сакаат да…

Белица весело го прослави празникот Водици, 2011

vodici

Село Белица весело го прослави празникот Богојавление – Водици кој по многугодишна пауза, пред неколку години повторно почна да се празнува. Оваа година Светиот крст го фати Миле Стојаноски. Свеченото фрлање го следеа неколку стотици беличани и луѓе дојдени од други краеви. Утрото, во црквата Св. Ѓорѓија се одржа свечена литургија по повод големиот верски празник, а по фаќањето на крстот и голема народна веселба. Стариот кум Злате Колоски му го предаде кумството на новиот кум Вите.

Спортско-рекреативен центар Белица

P1013120

Градот Кичево има поволна географска положба и идеални климатски услови. Самиот град, сместен во котлината, има надморска висина од 650 метри, додека планинските масиви околу него достигнуваат висина од над 2000 метри.